Македонија
Мицкоски на средба со амбасадорката на Латвија: „Власта ги зароби правосудните органи“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Латвија, Гунта Пасторе.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформските процеси и македонската интеграција во Европската Унија и НАТО.
Мицкоски потенцираше дека членството во ЕУ и НАТО останува клучна стратешка определба на државата, но изрази загриженост заради, како што посочи, недостигот на реформи кои владата на СДСМ не успеала да ги исполни заради што Македонија не добила датум за членство во Европската Унија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на средбата истакна дека актуелната власт спротивно на исполнување на приоритетните реформи ги заробила правосудните органи и заглавила во сопствениот криминал и корупција. Наведе дека високи функционери на власта се вклучени во најголемите криминални и корупциски скандали како „Рекет 1“ и „Рекет 2“ за кои истрагата се водела непрофесионално.
Мицкоски посочи дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети исполнување на клучните реформи, поголема независност на институциите и брзо подигање на македонската економија која во моментов е на дното.
Соговорниците се согласија дека се добри односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошна поголема соработка помеѓу Република Латвија и Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.