Македонија
Мицкоски на средба со Галовеј: Македонија тоне на секое поле
Македонија тоне на секое поле, а големиот степен на корупција во земјата ги коси сите меѓународни стандарди, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со Александар Николоски оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј.
Од опозициската партија посочија дека на средбата се разговарало за актуелните случувања, а Мицкоски истакнал дека во Македонија тешко се живее, додека ветувањата за развојна економија на власта резултирале со економско дно за граѓаните.
„Претседателот Мицкоски на амбасадорката ѝ ги пренесе причините за сѐ поголема загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјата, која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број суштински реформи, е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјата“, наведе ВМРО-ДПМНЕ за средбата.
Мицкоски исто така истакнал и дека немањето доволен број инвестиции, како и навистина катастрофалната реализација на капиталните расходи, но и екстремното задолжување, кое стигна над 60 отсто од БДП, не им овозможува на македонските граѓани стабилна иднина.
Мицкоски ѝ се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката што Обединетото Кралство ѝ ја дава на Македонија, како и интересот да се чујат проблемите на граѓаните во насока на создавање подобри демократски капацитети и дијалог за изнаоѓање решенија за суштински реформи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

