Македонија
Мицкоски: Овој ден да е поттик да ги сочуваме нашата татковина, име, јазик, култура и идентитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Богојавление Христово-Водици до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан и до сите верници.
„Славејќи го Исусовото крштевање го прославуваме нашето духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Со празнување на овој свет ден и празник се продолжува негувањето на нашата традиција и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество и дел од секој граѓанин.
Мирот, среќата, радоста, здравјето, добрината, хуманоста да надвладеат на овој ден и во текот на целата година кај секој граѓанин. Заедно да се стремиме да ја постигнеме нашата конечна цел за поуспешна Република Македонија во која ќе живеат задоволни граѓани. Овој ден да е поттик да го сочуваме она што го имаме, нашата татковина, нашето име, јазик, култура и идентитет, а со тоа да го зацврстиме единството и да продолжиме да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.
Денес нашата држава се соочува со тешки предизвици, со променето име, идентитет, со менување на карактерот на државата, со погазено достоинство, со економска сиромаштија. Сето ова мора да се смени. Поразите да бидат заменети со победи, исправени и обединети да ги смениме работите.
Во духот на овој голем празник да го поттикнеме најдоброто од нас и искрено да си посакаме во нашите срца да се всели мирот и разбирањето“, пишува во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.