Македонија
Мицкоски: Опозицијата ги надмина разликите и се обедини за да падне Владата на Заев
„За жал, не успеавме во изгласување на интерпелацијата за недоверба на Владата и иако имавме 61 потпис, што е апсолутно мнозинство во македонскиот парламент. Но, еден пратеник се предомисли и неколку дена пред интерпелацијата се потпиша на истата интерпелација за недоверба на Влада. Ние опозициските партии се обединивме и покрај нашите внатрешни разлики бидејќи имавме само една заедничка цел да падне криминалната Влада предводена од Зоран Заев“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, во интервју за српска телевизија „Хепи ТВ“.
Мицкоски додаде дека целта на опозицијата е да падне владата на Заев по резултатите на локалните избори, каде што Заев и СДСМ беа жестоко поразени од граѓаните.
„Заев ја најави својата оставка од претседател на СДСМ и претседател на Влада, но потоа се предомисли со изговор дека не може сега да си замине од функциите бидејќи има многу проблеми во државата кои тој треба да ги реши. Сега прашањето е дали е тоа некој нов премиер, бидејќи тој е премиер 52 месеци, ако се одземе оној период на техничка Влада кога ги украдоа изборите, тоа се неколку месеци околу 7-8, значи Заев е премиер точно околу 4 години. И овие проблеми со кои сега државата се соочува се проблеми кои настанаа откога Заев е премиер“, заклучи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Заев ги креираше сите проблеми со кои државата се соочува сега и тој не може да биде решение на истите.
„Не се знае каква ќе биде иднината кога станува збор за Зоран Заев, но ние си имаме свои планови. ВМРО-ДПМНЕ е проевропска и пронато партија“, истакна Мицкоски.
Мицкоски праша дали граѓаните во Македонија со Зоран Заев живеат подобро.
„Дали со Заев имаме подобро образование? Не. Дали имаме подобар здравствен систем? Не. Дали имаме подобра економија? Не. За жал, најлоши сме во регионот. Дали е намалена стапката на криминал и корупција во Македонија? Не, најлоши сме во Европа. И кога сето ова ќе се собере кој профитираше? Профитираше семејството Заеви кое владее денес во Македонија, а изгубија граѓаните“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

