Македонија
Мицкоски повика на масовна излезност на претседателските избори: Поддржете ја Силјановска
„За два дена од денеска во среда одлучуваме за тоа каква иднина ќе имаат вашите семејства, вашите сограѓани, а потоа нашата заедничка татковина Македонија. Ве молам немојте да заборавите дека во среда, за два дена од денеска носите одлука за тоа каква иднина во Македонија ќе има вашето семејство, ова е лична одлука и немојте да дозволите било кој на било каков начин да влијае врз таа ваша одлука“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип.
Мицкоски истакна дека народот е подготвен да и посака добредојде на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, а после 8 мај народот е подготвен да посака добредојде на новата влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа победа во среда треба да биде историски голема. Историјата која ја започнавме да ја пишуваме пред нешто повеќе од 2 години, 2 и половина години на локалните избори во 2021 година кога за прв пат во Македонија од позиција на опозиција некоја политичка партија освои мнозинство градоначалници треба да ја завршиме со точка на 8 мај кога за прв пат во историјата на Македонија една коалиција како што е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство пратеници во македонскиот парламент“, вели Мицкоски.
Мицкоски истакна дека мнозинството во парламентот е потребно за стабилна влада која ќе спроведе трансформација во Македонија и која ќе обезбеди стабилна и предвидлива иднина за вашите семејства. Вашиот глас за два дена од денеска е глас личен ваш за иднината на вашите семејства.
„Ве замолувам за два дена од денес да излезете масовно, да се обедините околу столбот на македонскиот идентитет и иднина на Македонија тоа е ВМРО-ДПМНЕ коалицијата „Твоја Македонија“ и да ја поддржите идната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова да го заокружите бројот 2, а на 8 мај сите заедно, сложно, обединето да се обединиме околу Македонија, да го заокружиме бројот 2 да и посакаме добредојде на Гордана Силјановска Давкова како иден претседател на Македонија и да ја поздравиме владата на слободна Македонија формирана од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.