Македонија
Мицкоски: Повисоките даноци значи дека граѓаните ќе ја плаќаат неспособноста на Владата
Мерката за покачување на даноци која ја најавува министерот за финансии значи дека Владата планира да удри по џебот на граѓаните. Повисоки даноци е цената која треба да ја платат граѓаните за неспособноста и неработата на владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, причините за ваквата одлука се едноставни. „Неспособната Влада на СДСМ и Заев не може да продуцираат вредност и економија која расте, веќе предупредив дека капиталните инвестиции се минимални и се движат само 4 отсто од планираното за првите два месеци, а економијата замира, со тоа се зголемува и дупката во буџетот. Задолжувањата кои ги направија и со кои за само два ипол месеци го задолжија секое семејство за цели 1.200 евра, покачената акциза на нафта не се доволни и сега се удира по граѓаните“, вели Мицкоски.
Покачените даноци, додава тој, ќе бидат удар за оние кои ја носат економијата, наместо да се стимулира плаќањето на даноци ќе се стимулира црната економија, средната класа која треба да го плати цехот што владата не умее и не знае како во економијата.
„Тоа ќе влијае демотивирачки за бизнисот, а е уште една причина многу луѓе да ја напуштат земјата. Оваа Влада ветува општество за сите, но во реалноста го подвојува, ветуваа живот, носат сиромаштија. ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на даноци. Граѓаните не смеат да бидат заложник и жртва на неспособната влада. Нејзина должност е да креира услови за раст и развој. Владата треба да се откаже од оваа мерка која е за осиромашување на граѓаните. Тие заслужуваат подобро. Македонија заслужува подобро“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

