Македонија
Мицкоски: По 20 години време е ДУИ да премине во опозиција, на следните парламентарни избори непријатно ќе бидат изненадени од резултатот
Нашиот став многу пати сме го кажале и тој е непроменет, а тоа е дека очекуваме промена во составот на владата, односно 20 години присуство на ДУИ во владата е предолг период. Треба да се даде можност и прилика и на други.
Мицкоски потенцира дека консолидираната група на политичари и политички субјекти кои ќе се спротивстават на ДУИ на следните избори ќе постигне добар резултат.
Барем нашите анализи се такви. Мислам дека тие малкумина во раководството на ДУИ по следните парламентарни избори ќе бидат изненадени непријатно од резултатот и ценам дека бројот на пратеници на тој консолидиран блок кај Албанците во Македонија заедно со останатите етнички заедници може да состави бадентерово мнозинство во парламентот, изјави Мицкоски.
Во однос на избори Мицкоски изјави дека има три опции, првите две претседателски во март, а парламентарни во јуни, или едни заеднички, според најавите од владата, но трета опција е брзи избори оваа есен.
Третата опција е да имаме избори оваа есен со тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ се согласуваме во измени во изборниот законик да практично биде избришан оној дел од техничката вада, да може оваа влада да ги подготви тие избори и да одиме на брзи парламентарни избори. Ценам дека оваа трета опција би била најдобра за иднината за граѓаните и иднината на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

