Македонија
Мицкоски предлага ТВ-дуелот со Заев да се одржи в среда
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави на „Фејсбук“ дека е подготвен в среда во 20 часот на МРТ да се појави на ТВ-дуел со премиерот Зоран Заев.
„Подготвен сум во текот на наредната недела, в среда, во 20 часот на јавниот државен сервис Македонска радио-телевизија, без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се одржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања“, напиша Мицкоски.
Тој додава дека јавноста заслужува одговори, а дека тој нема што да крие.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ завчера рече дека би сакал следната средба со Заев да биде телевизиско соочување наместо во кабинет. Од Владата вчера одговорија дека премиерот во секое време е подготвен за ТВ-дуел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

