Македонија
(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира, но предлогот му бил одбиен.
Изјава по состанок со Централниот Одбор, 21.09.2020
Изјава по состанок со Централниот Комитет, 21.09.2020
Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 21 септември 2020
„Јас не бегам од моите принципи и затоа иако до ден-денешен не беше поднесена никаква иницијатива за вонреден конгрес од страна на оние што водат хајка врз мене, а целта е ВМРО-ДПМНЕ, само така служејќи му на Заев. Јас на сопствено залагање поднесов предлог за свикување вонреден конгрес, на кој јас нема да се кандидирам. Централниот комитет, без моето присуство по напуштањето на салата во која се одржуваше седницата, едногласно го одби моето барање и не се согласи со ваквиот предлог, а со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
Тој изјави дека отворено дискутирал за неговото речиси тригодишно управување со партијата.
„ВМРО-ДПМНЕ е столбот на македонизмот. Наша цел е победа против мафијата“, рече Мицкоски.
Тој ја информира јавноста дека генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се повлекол од партиската функција поради приватни причини и му се заблагодари за неговиот ангажман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

