Македонија
Мицкоски: Работната група добива пари од буџетот, а нема добиено мандат за да работи на менување Устав
Работната група за уставни измени нема мандат да преговара за промена на Уставот, а добиваат пари од буџетот, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, тие можат да добијат мандат за оваа работа само ако парламентот изгласа потреба за промена на Уставот.
„Ковачевки и Ахмети во Собранието треба да поднесе барање за промена на Уставот, па да се изјаснат пратениците“, рече Мицкоски.
Тој го повтори ставот дека уставни измени под овие услови нема да има, ниту во еден парламентарен состав.
„Дури и ВМРО-ДПМНЕ да се на власт, нема да има уставни измени под овие услови“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше власта дека би направила се’ за да остане на функција и да краде, а заборава дека доаѓа денот на одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

