Македонија
Мицкоски се сретна со Борисов
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Софија се сретна со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.
„На средбата се разговараше за европската агенда на регионот и зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија чиј составен дел е и ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, нагласи дека стратешки приоритет преставува членството во ЕУ како суштинска ориентација преку која треба да се овозможи унапредување на стандардите и овозможување шанси за напредок“, соопштија од партијата.
Мицкоски посочил дека Република Македонија, за жал, има реформски процес кој се одвива под посакуваното ниво и планот на владата 3-6-9 останува само на хартија.
„Потребни се клучни подобрувања пред сè реформа на судскиот систем, поддршка на економијата и стопанството и нејзин суштински развој, каде, за жал, досега имаме еден од најслабите економски резултати како држава, како и мерки за овозможување квалитетно образование како клучен столб за развој на едно општество“, рекол Мицкоски.
Тој посочил дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање добрососедски односи, базирани на принципиелност и меѓусебно почитување. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека средбата се одржала на покана на бугарскиот премиер и е дел од активностите и засилената поширока агенда на Бугарија во рамките на претседателствувањето со Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ со честитка за Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, го честита Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија.
„Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, дозволете ми да упатам искрени честитки до сите припадници на српската заедница кои живеат во земјава, а по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите во РС Македонија.
Ликот и делото на свети Сава се вградени во темелите на духовноста, образованието и човекољубието и претставуваат универзални вредности што со векови ги поврзуваат народите на Балканот, придонесувајќи за заемно почитување, разбирање и соживот.
Токму врз тие вредности, РС Македонија останува цврсто посветена на унапредувањето и заштитата на правата, идентитетот и културното изразување на сите заедници, како и на јакнењето на меѓусебната доверба, дијалогот и заедничките европски вредности.
Во тој свечен дух, Ви посакувам празникот да го одбележите во мир, здравје и достоинство, водејќи се од вредностите што ги промовираше свети Сава, според кои човекот се вреднува по своите дела и придонес кон заедницата.
Честит 27 јануари, Свети Сава, националниот празник на Србите во РС Македонија!“, пишува во честитката.
Македонија
Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец треба да се пушти во употреба, најави Мицкоски
Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави:
„Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кажа и министерката колку сѐ сали се прават. Знам дека уште три во Скопје имаме, имаме во Крушево и така натаму, сега да не навлегуваме во детали. Зборуваме за десетици нови објекти кои што се прават. Дали е тоа доволно, не е. Запуштено било долго време ништо не се правело. Дали треба уште? Да треба, и ќе правиме уште вакви проекти, бидејќи реков, најмладите, децата ни се најважни и тие ни се приоритет како Влада.“
Македонија
(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини
Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“.
„Струмица денес“ во текот на вчерашниот ден објави дека земјоделците се по своите ниви и се обидуваат да спасат она што може да се спаси. На терен се повеќе багери кои помагаат.
Поради обилните врнежи од дожд, на подрачјето на Општина Струмица беа регистрирани нагли зголемувања на водостоите и излевања од коритата, што предизвика поплави на повеќе локации.
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, информира дека ги посетил најкритичните точки на терен, меѓу кои и селото Муртино, како и други локации каде состојбата била најизразена.
Според неговите информации, уште од утринските часови механизацијата на ЈП Комуналец била ангажирана на терен, а во интервенциите била вклучена и дополнителна механизација од приватниот сектор.
Од општината додаваат дека се одржува постојан контакт со жителите на погодените подрачја и дека состојбата ќе продолжи будно да се следи, имајќи предвид дека, според најавите, дожд се очекува и во наредните часови и денови.

