Македонија
Мицкоски: Случајот со пратеникот Петрушевски ќе го истераме до крај сѐ додека овој нестручен судија не биде разрешен
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денска, во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, во Битола, запрашан за пратеникот Бране Петрушевски, кој беше осуден за изречен став на собраниска говорница, потенцира дека судија што ја изрекол оваа казна е добар пријател со пратеникот кој се чувствува дека бил навреден.
„Да, станува збор за пратеникот Бране Петрушевски, многу едноставна работата, неговиот колега, кој се чувствува дека бил навреден, е добар судија со судијата што ја изрекува оваа казн,а претпоставувам и тој наредува, овој испорачува без притоа да се води сметка за Уставот, за имунитетот, пресудите во Стразбур од Судот за човекови права и така натаму“, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во врска со случајот со пратеникот Петрушевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ оваа работа ќе ја истера до крај, односно сѐ додека овој судија не биде разрешен.
„Како ВМРО-ДПМНЕ, овој процес ќе го истераме до крај сѐ додека овој нестручен судија не биде разрешен. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако тој носи ваква нестручна, антиуставна и антимеѓународно правна пресуда, тогаш можете да замислете уште колку нарачки може да добие по нечија наредба и колку нарачки може тој да досуди“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

