Македонија
Мицкоски: Советничката листа предводена од Ангел Карапетров е обединувачка за модерно и современо Тетово
ВМРО-ДПМНЕ очекува ллистата предводена од Ангел Карапетров да освои повеќе советници од досегашната бројка на вонредните избори за Советот во општина Тетово.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на почетокот на кампањата за избор на советници во општината.
„Очекуваме бројот на гласови да биде поголем иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори кои што ги користат нашите сограѓани. Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво. И ценам дека граѓаните овде во Тетово на овие избори и ќе гласаат НЕ односно ќе гласаат ПРОТИВ коалицијата на СДСМ и ДУИ. А, ќе гласаат ЗА ново, модерно и современо Тетово, и нормално ќе гласаат за советничката листа ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Ангел Карапетров“, рече Мицкоски.
Владата минатиот месец донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово, бидејќи навремено не ја усвоија завршната сметка на Буџетот. По владината одлука, претседателот на Собранието, Талат Џафери распиша избори за членови на Советот кои ќе се одржат на 20 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

