Македонија
Мицкоски: Со десетици починати и стотици инфицирани, не ми е пријатно да зборувам за избори
Од петокот воопшто нема канал за комуникација на којшто се соопштуваат позициите за изборите, бидејќи ситуацијата е алармантна, оттогаш наваму имаме неколку десетици луѓе кои ги загубија животите, неколку стотици кои се инфицирани, неколку илјади кои се во карантин и навистина не се чувствувам пријатно да зборувам за евентуален датум за избори кога се случуваат овие работи, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали е точна изјавата на Заев дека партиите се блиску до датум за избори.
Мицкоски кажа дека пред новонастаната ситуација, практично до петокот од кога има зголемен број заболени, имало канал за комуникација и се разговарало за можни сценарија за одржувањето на предвремените парламентарни избори.
„Повторно ќе кажам, подготвени сме за компромис, да ја следиме ситуацијата, ќе гледаме како ќе се движи интензитетот на новиот бран или, би рекол, продолжениот бран на Ковид-19 вирусот, па дури потоа да зборуваме. Ќе кажам две суштински работи, првата е дека нè убедуваат да научиме да живееме со пандемијата. Да, сите сме свесни, одговорни луѓе сме, дека треба да научиме да живееме со тоа, дека таа ќе биде присутна додека не се изнајде вакцина, но не можам да живеам со пандемијата кога имаме 80 или 90 или, пак, 40-50 луѓе кои се новозаболени и по 5-6 или 7 луѓе кои го губат животот“, кажа Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

