Македонија
Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат
„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите со приватните превозници додека проблемите не се решаваат. Навистина како човек одбивам да влегувам во реториката на обвинувања и недораснати потези каде поважно од решенијата им е да се знае кој бил виновен, и лагите кои непресушно ги кажуваат додека народот страда. И една заедничка порака до коалицијата на хаосот, престанете да правите политика врз грбот на народот и испорачајте решение на проблемите. Вие сте власт и вие ја имате одговорноста наместо пинг понг игра да ги решите проблемите“.
Ова го истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свечениот настан на тема – „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“.
Тој исто така им порача на власта и на раководството на Град Скопје да не си поигруваат со интелигенцијата на граѓаните префрлајќи ја топката, туку да почнат да ги решаваат проблемите.
„Престанете да си поигрувате со интелигенцијата на овој народ. Едната на благодарение на вас е таму каде што е, а овој другиот благодарение на лесната рака за потпишување предавнички договори и се уште опстојува. И едниот и другиот имаат одговорност да ги решат проблемите кога тајно се среќаваат во Владата наместо да шират лаги и да ја префрлаат топката од која што штета имаат скопјани и граѓаните во Македонија. Секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме“, потенцираше Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

