Македонија
Мицкоски со честитка за Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати четитка по повод 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
„Деветти мај го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа. Да не заборавиме дека партизаните, како наследници на илинденската епопеја и комитите се изборија за слободата која е скапо платена. Европа е вредности, но и ова е ден кога треба да се празнува слободата и солидарноста. Европа постои како триумф над режимите, угнетувањето, газењето на правата на луѓето.
А Фридом Хаус вели во Македонија владее три години по ред хибриден режим, тоа значи недостаток на слобода, многу корупција и криминал. Земја во која главните од власта рекетираат, а оние кои треба да судат, ослободуваат под притисок на власта. Во овие три години на премрежја, отстапки, болни решенија и договори сеуште сме далеку од посакуваната цел за европската иднина. Дополнето со нови условувања, пречки, барања за отстапки. Неспособната власт во земјава и отсуството на лидерство значи за народот и нашата Македонија тапкање во место. Победата на европските вредности ќе значи победа над оние од власта кои не влечат во мочуриштето во кои тие опстојуваат и сакаат да се идентификуваат. Тоа е нивната претстава за животот, но не и на народот, кој оправдано сака подобар живот и обнова на пустошот кој го оставија за сите нас.
Обновата ќе победи, и тогаш ќе победат европските вредности. Европа ќе ја донесеме пред се затоа што нашиот народ тоа го заслужува, а тоа значи пред се европеизација внатре, стандарди и вредности . Визијата за иднината каква ја заслужуваме.
Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа“, напиша Мицкоски во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

