Македонија
Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 28 Септември Меѓународниот ден на Бошњаците.
„Почитувани, дозволете ми во мое лично име и во името на Владата, да го честитам 28 Септември Меѓународниот ден на Бошњаците.
Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот. Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина.Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка. Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат. Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!“, напиша тој на ФБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради реконструкција, времен сообраќаен режим на улицата „Панде Кајзерот“

Од утре започнува реализацијата на проектот за реконструкција на канализациона мрежа и реконструкција на коловоз на “улицата „Панде Кајзерот, во должина од 390 метри.
За време на градежните активности сообраќајот на оваа улица ќе се одвива согласно одобрен основен сообраќаен проект за времена измена на режим на сообраќај.
Македонија
СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има национална трагедија или природна катастрофа да се обидат да ќарат политички поен плус.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата, СДС се сити низ соопштенија.
„СДС заборава дека додека Македонија гореше во минатото Заев се сончаше на плажите низ Грција. За разлика од минатото сега веднаш се превземаат дејствија, има брз, навремен и ефикасен одговор за справување со пожарите.
Додека се пометнуваат пожари низ државата СДС злоупотребува природни катастрофи мислејќи дека на тој начин ќе добијат политички поен плус.
Дека намерно се подметнуваат пожари доказ е и пожарот во атарот на Чучер Сандево каде се пронајдени палети потопени во бензин, и постои сомнеж дека слични подметнувања со цел разгорување се направени и на други места ширум државата“.
Поразувачки е, додаваат од партијата на Мицкоски, како некој може да помисли да прави штети врз природата и да ја загрозува животна средина а со тоа и човечките животи.
Според нив, неразбирливо и несфатливо е како СДС се радува и ликува на сето тоа и не пропушта можност да ја искористи ситуацијата за политичка кампања.
„Време е СДС да престане да ги злоупотребува природните катастрофи и националните трагедии“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења за наводно намалување на застапеноста на Албанците во институциите. Но вистината е поинаква, а фактите говорат јасно, велат од „Вреди“.
Како што додаваат, истата таа ДУИ што денеска зборува за застапеност, била 20 години на власт и за тоа време ги оставила Албанците со нула застапеност во многу клучни државни институции.
„Еве неколку докази за оваа хипокризија:
0 Албанци во Специјалната единица „Тигри“
0 Албанци во Специјалната единица „Волци“
0 Албанци во Единицата за брза интервенција
0 Албанци во Дирекцијата за слободни економски зони
0 Албанци во Академијата на науките
0 Албанци во Агенцијата за филм.
ДУИ нема право да зборува за застапеност, таа е партијата што ја предаде Охридската рамковна спогодба и крвта на мачениците кои се бореа токму за правична застапеност и еднаквост во секоја институција“.
Според „Вреди“, за ДУИ, Албанците во овие институции биле еднакви на нула.
„Вреди“ нема повеќе да дозволи лагите да станат стандард. Ќе продолжиме да ја кажуваме вистината, да ја разобличуваме секоја институција каде Албанците се исклучени и да работиме за вистинска еднаквост.
А колку „Вреди“ се грижи за Албанците, покажува и фактот што само за една година владеење го донесуваме Законот за правична и соодветна застапеност, кој покрај подобрувањето на застапеноста, гарантира и поквалитетен кадар, професионалци со реално влијание во носењето одлуки“.
Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање.
ДОСТА СО ЛАГИ! ОТКРИЕНИ СТЕ!