Македонија
(Видео) Мицкоски: Хемотерапиите им биле давани на пациентите во торбиче, а Клиниката за онкологија фактурирала како да им дале терапија таму
Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници, медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција говорејќи за како што посочи еден од двата фрапантни заклучоци во Извештајот од извршената вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во Клиниката за радиотерапија и онкологија.
„Преку пример, треба ад се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно супспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде „со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на Клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија“.
„Вистинското прашање е дали имаме повратен одговор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека исто така останува непозната дилемата дали самата Клиника имала интерна процедура или протокол за издавање на лекови согласно членот 8 од Законот за евиденции од областа на здравството имајќи предвид дека секои од овие лекови за да се пренесе од точка А до точка Б треба да има и соодветен термички третман.
„Во еден од договорите стои дека лекот не смее да биде во средина каде температурата ќе биде помала од 2 Целзусови степена, поголема од 8 Целзусови степени. Дали ова организиран шверц и дали е ова начинот на кој се испумпувани милиони од буџетот на грбот на граѓаните во Македонија? Понатаму зошто никој не го отвори прашањето која е цената по која украл, односно Универзитетската клиника за радиологија и онкологија ги наплаќа своите услуги од фондот за здравство и која е цената која пациентите ја плаќаат за аплицирање на овие лекови во други здравствени установи, дали е тоа двојна наплата? Дали не сите граѓани имаат право на живот“, праша Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

