Македонија
Мицкоски: Ќе овозможиме младите да ги оставарат своите соништа, достоинство за пензионерите, повисоки плати за работниците, и поволна бизнис-клима за фирмите
Порака до младите, не се откажувајте од Македонија, сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промните и дајте го вашиот глас. Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.
Потоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака и до највозрасните, до пензионерите. Тој потенцира дека секогаш ќе се грижи за нив. Дека тие се притиснати со проблеми, и наместо на нивната возраст да ги минувате најубавите времиња и да уживаат во плодовите од нивната децениска работа, тие се принудени да протестираат за правата кои ги следуваат. Мицкоски вети покачување на пензиите за 5 илјади денари.
Тој упати порака и до работниците, за кои рече дека знае дека инфлцијата им ги јаде платите, дека се незадоволни и бараат, но и заслужуваат повеќе, но и дека за тоа мора заедно да се избориме. За подобри услови за работа, повисоки плати, за почит и достоинство, тоа се работите за кој вети борба и посветеност.
„До стопанствениците, поточно бизнисмените, од вас зависи дали 5-мина од ДУИ ќе ја водат државата и слугите од СДСМ ќе ги добиваат тендерите, или на правилен начин, согласно закон ќе се работи и вистинскиот квалитет ќе биде награден. Таа промена ја правите вие. Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на бранот на промените и ќе не поддржите за конечно да има ред во бизнсот и се награди квалитетот“, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

