Македонија
Мицкоски: 2.000 вработени во „Национални шуми“ ќе ги добијат своите заостанати плати
„Од тие информации со кои располагаме е дека четири месеци таму плата не е поделена. Со ребалансот на буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седницата на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на ‘Национални шуми’ и во текот на денешниот ден, заедно со сопствените средства од производство на компанијата, како што бев информиран од новиот директор, проф. Здравко Трајанов, добив информација дека целосно ќе бидат сите заостанати плати, но и дел од побарувањата кон коминтентите“, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање.
Претседателот на Владата, Мицкоски, истакна дека на следната редовна владина седница ќе бидат распределени средства за да се исплатат и платите на вработените од АД „Водостопанство“.
„Направивме навистина еден голем исчекор повеќе од 350 милиони денари ќе бидат исплатени, 250 милиони од ребалансот и другото од сопственото производство. Ова ќе се случи и со вработените во АД ‘Водостопанство’ веќе по следната седница на Владата, редовната е следниот вторник на 27 август“, истакна премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

