Македонија
Младиот олигарх, внук на Али Ахмети, на 24 години купува имот кој чини 30 милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ за „Соравија“
„Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети го купува деловниот објект Соравиа во строгиот центар на Скопје со површина од 15.000м2 во вредност од 30 милиони евра. Младиот олигарх Дрин и неговата фирма Тор Индустриес во партнерство со Павлеку ШПК го купуваат деловниот објект Соравиа Груп. Димитар Ковачевски и Али Ахмети ја користат Македонија за лично богатење. Внукот на Ахмети купува деловен објект, а сопругата на Ковачевски е ко сопственик на фирма за производство на струја“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат: „Ковачевски и Ахмети се главните во матните бизнис зделки на власта. Чичкото Ахмети политичар, внукот Дрин претпримач, на 24 години го купил бизнис центарот Соравиа кој чини скоро 30 милиони евра. Криминалот на СДС и ДУИ царува во државата, а институциите и понатаму молчат и се прогласуваат за ненадлежни. Токму поради тоа владините функционери на ДУИ се на црната листа на САД. И наместо да реагира, Димитар Ковачевски само за да опстои на власт го премолчува и овој скандал. Како може младиот Ахмети на 24 годишна возраст да се стекне со бизнис центар кој чини скоро 30 милиони евра?“.
„Прашањето е ако Дрин на 24 години се стекнал со волку скап имот, што може да се очекува за неколку години од сега, да ги поседува сите трговски центри и деловни објекти ширум државата? ДУИ е криминализирана и мора да замине во опозиција. Ковачевски и Ахмет системски ја уништуваат државата и институциите. Нема само дуизација на системот. ДУИ врши и дуизација на бизнисот“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

