Македонија
Младите разменуваа идеи за образованието, невработеноста и социјалните политики
Четириесетина присутни дискутираа и разменија идеи на денешниот настан под мотото: „Да зборуваме за млади – Што е планот?“, во организација на „Реактор“ – истражување во акција.
За време на овој организиран појадок што се одржа во „Јавна соба“ во Скопје, присутните беа дел од 5 различни дискусии на теми и прашања што ги засегаат младите, како што се образование, невработеност и социјални политики, граѓанско учество, здравје и релевантни алатки за младинско застапување.
Во рамките на дискусиите, Блажен Малески од „Реактор“ презентираше наоди од истражувањата за состојбите со младите, капацитетите на младинските организации и алатките што им се на располагање. Зборувајќи, пак, на темата невработеност и социјални политики, Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика ја презентираше младинската гаранција и што таа овозможува. Понатаму, околу состојбите со младите и образованието зборуваше Мартина Илиевска од Младински образовен форум, а, пак, во име на Национален младински совет на Македонија, Илија Станковски дискутираше за младинските политики и механизмите за граѓанско учество за младите. За крај, Мери Цветковска од „ХЕРА“ ја нагласи потребата и важноста младите да се информираат и едуцираат за своето здравје.
Воедно, на настанот беше промовиран и новиот ресурсен веб-сајт „Млади низ бројки“ изработен од тимот на „Реактор“. Идејата позади оваа алатка е на едно место да се прикажат сите податоци релевантни за младите во Македонија, а преку обезбедување на лесно достапни, интерактивни и визуелизирани податоци, да се поттикне информирана дискусија за положбата на младите во македонското општество, но и да се развие дебата, активности и иницијативи за младинските теми.
На самиот крај, учесниците ги запишаа своите пораки што сакаат да ги испратат до институциите, како што се подобрување на условите за вработување, пристап до практична работа и практично образование, достапен јавен превоз, воедно посакувајќи целокупни промени кои ќе ги подобрат условите за младите во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

