Македонија
МОДОМ: Град Скопје да продолжи со итните мерки и бесплатниот автобуски превоз

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ смета дека во денови кога неколку градови во Македонија се наоѓаат на првото место по аерозагадување во светот, бесплатниот автобуски превоз мора да продолжи и во наредните денови.
„Имајќи предвид дека автомобилите се едни од главните извори на аерозагадувањето, стимулирањето на граѓаните да користитат јавен транспорт треба да е еден од приоритетите. По примерот на европските зелени градови, каде што се мотивираат граѓаните да користат еколошки јавен превоз, апелираме до Град Скопје уште поинтензивно да се вклучи во борбата против аерозагадувањето“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Отворен конзулат на Казахстан во Куманово

Претставници од Општина Куманово, предводени од претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска присуствуваа на свеченото отворање на конзулат и инаугурација на Почесниот конзул на Република Казахстан во Куманово, Ејуп Абдулахи.
На пригодниот настан присуствуваа претставници од високи државни институции во земјава, од дипломатскиот кор, амбасадори и претставници од бизнис секторот.
Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општината, истакнувајќи ја важноста на воспоставената соработка во повеќе економски сегменти (технологија, енергетика и трговска размена) меѓу казахстанскиот град Караганда и Куманово.
Македонија
Сиљановска-Давкова во Њујорк: Младите мора да бидат наши партнери во реформирањето на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на сесијата посветена на 30 годишнината од Светската програма за млади, што се одржа во рамки на 80. Генерално собрание на ОН.
Таа укажа на потребата младите генерации да добијат заслужено место во оформувањето на иднината на Обединетите нации и ја потенцираше важноста на стратегијата Youth2030 како основа за активно, а не само симболично вклучување на младите во реформите на ОН на сите нивоа.
Учесниците на сесијата говореа на теми посветени на улогата на младите во глобалниот развој.
Се дискутираше за „Светската програма за акција за млади: забрзување на глобалниот напредок преку меѓугенерациска соработка“, како и за „Унапредување на спроведувањето на Светската програма за акција за млади со цел никој да не изостане“.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, крвнички тепаат странци во Струмица

Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДС имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДС во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него“.
СДС, додава тој, наместо да понуди визија, програма и идеа, тие нудат тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДС во Струмица.
„Во однос на оваа крвничка тепачка од страна на насилниците од СДС врз странски државјани, јавноста мора да знае дека МВР има поднесено кривични пријави, но секако погодувате, судството нема донесено никаква правна разрешница“.
Според него, тие луѓе не смеат да бидат нашата иднина, и побара осуда и оградување од страна на СДС и локалното раководство.
„Бараме и правда и одговорност. Време е за вистинска промена во Струмица“.