Македонија
МОН: Директорите што беа незаконски разрешени ќе бидат вратени на своите работни места
Министерството за образование и наука информира дека се активирани решенијата за враќање на директорите на училиштата во Гостивар на работните позиции од кои биле разрешени на незаконски начин. Станува збор за решенија што биле повлечени во интерес на заложбите за спроведување на претседателските избори.
„Одложувањето на примената, односно постапувањето по еден правен акт донесен во согласност со законите и во случајот врз основа на одлука на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос и во согласност со извештаите од спроведените надзори на Државниот просветен инспекторат, не треба да значи негово забошотување и трајно непостапување по однос на него. Водејќи се по принципите на почитување на правото, правичноста и транспарентноста во работењето, Министерството за образование и наука има обврска и должност да постапи во согласност со своите ингеренции во секоја ситуација, вклучително и во конкретната во која беа констатирани низа прекршувања на законските прописи од страна на Општина Гостивар во делот на разрешувањето на училишните директори од политички причини. А мешањето на политиката е недозволиво во областа на образованието бидејќи најголемата штета што се прави оди на сметка на учениците и на нивниот воспитно-образовен процес“, соопштија од МОН.
Наместо градоначалникот на општина Гостивар, велат од таму, паушално да ги обвинува Владата и Министерството за образование и наука за спроведување нерегуларни активности низ институциите на Општината, апелираме да почне да се однесува одговорно, посветено и целосно да ги почитува позитивните правни прописи во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

