Македонија
МОН: Преку континуирано организирање обуки ги јакнеме професионалните компетенции на наставницит
Еден од трите аспекти на образовниот систем во кои вложува Министерството за образование и наука, заедно со другите надлежни институции и со поддршка од меѓународните партнерски организации, покрај инфраструктурата и наставните програми и учебници, е наставниот кадар, велат од Министерството за образование и наука.
Во таа насока, како што се наведува, интензивно се работи на подигнување на мотивацијата на наставниците преку обезбедување повисоки плати, подобри услови за работа и континуирана обука и можност за професионален развој.
Во согласност со Законот за наставниците и стручните соработници во училиштата, секој наставник треба во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа се обуки од акредитирани програми.
За учебната 2022-2023 година, Бирото за развој на образованието со поддршка од МОН и Светската банка, акредитира 18 програми за обука на наставници и 4 програми за обука на стручни соработници. Каталогот со акредитираните програми беше јавно објавен на веб-страниците на МОН и БРО и од него наставниците можеа да изберат обука во согласност со нивниот план за професионален развој.
Обуките се спроведуваат во две фази. Првата се реализира во периодот од октомври до декември 2022 година, при што на речиси 600 обуки присуствуваа над 14 илјади наставници и 800 стручни соработници. А втората фаза почна да се реализира во јуни и ќе трае до крајот на август, при што планирано е да учествуваат 17.200 наставници и 1.100 стручни соработници.
Повеќе провајдери ги спроведуваат обуките, при што секој акредитиран понудувач на услуги обезбедува стручна поддршка на наставниците и во наредниот период. Така, секој наставник за сите неразјеснети прашања, предизвици во наставата при имплементација на стекнатите знаења од обуката, може да се обрати до обучувачите, да поставува прашања и да разменува искуства со колегите преку платформи што ги обезбедуваат обучувачите.
Континуираното организирање обуки ќе продолжи и во иднина затоа што тоа е единствениот начин да се зајакнуваат професионалните компетенции на наставниците како клучна алка во воспитно-образовниот процес, од која најмногу зависи квалитетот на генерациите што се создаваат, велат од МОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

