Македонија
МОН: Студентите ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии
Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии со цел да го стимулираме и вреднуваме нивниот труд, знаења и успеси, но и да го подобриме стандардот на младите. За оваа намена годишниот буџет е зголемен 35 %, изјави министерката за образование, Мила Царовска, по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи.
„Во делот на поддршката на студентите, ќе доделуваме стипендии во 11 категории. За 9 категории износите ги изедначуваме и ќе бидат 6.050 денари на месечно ниво, што значи пораст во однос на тоа што досега се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари“, рече Царовска.
Изедначувањето се однесува на вкупно 2.840 стипендии што ќе се доделат со почетокот на новата академска година. Стипендиите за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.
„Овде стимулацијата е најпотребна бидејќи се соочуваме со преголем дефицит на овој тип на кадар“, рече Царовска.
Претставниците на студентските организации истакнале дека се задоволни од одлуката за раст на стипендиите и дека ќе ја продолжат конструктивната и партнерската комуникација со цел да се креираат политики и мерки што се во интерес на младите, информираат од МОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

