Македонија
МТСП: Тренчевска ја предводи делегацијата на РСМ во Будимпешта

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава отпатува за Будимпешта, Унгарија со цел учество на конференцијата „ Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ, извести МТСП.
Тренчевска ќе ја отвори конференцијата и воедно ќе учествува на работниот дел на истата. Таа за време на нејзиниот престој во Будимпешта ќе се сретне и со регионалната директорка на МОТ, Клер Харасти.
Делегацијата која ја предводи министерката Тренчевска е во состав на државниот секретар на МТСП, Флакрон Беџети, шефицата на кабинет на МТСП, Наташа Димеска, националниот координатор на МОТ во РСМ, Емил Крстановски, претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од синдикатите и работодавачите, се наведува во соопштението на МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.
Македонија
Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Потребна е стабилност, а не политичко дестабилизирање. Во услови кога Владата е во фаза на спроведување важни реформи, особено во безбедносниот сектор, несериозни интерпелации создаваат дополнителна нестабилност и можат да го компромитираат спроведувањето на започнатите процеси. Јавната безбедност бара стабилност, континуитет и институционално зајакнување, а не секојдневни политички турбуленции“, додаде тој.