Македонија
Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/449674049_122109714194369855_6416862955691220408_n.jpg)
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со кои делат исто презиме.
„Многу успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир“, рече Муртезини.
Потоа тој се пошегува на своја сметка коментирајќи: „Ова се случува кога со амбасадорот сте фанови на познатиот актер Ричард Гир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Кузеска: Со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/bogdanka-kuzeska.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција. Додаде дека доколку се анализираат кадровските решенија што во првата фаза ги назначила Владата очигледно е дека Христијан Мицкоски посегнува по стари кадри.
– Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа, гледаме партизација пред квалификација, рече Кузеска, додавајќи дека нема нови кадри или некорумпирани професионалци.
Со назначувањето на в.д. директори, како што истакна, Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.
Посочи дека со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството, а на директоркото место во Управата за извршување санкции е назначен Александар Пандов, кој е дипломиран историчар и нема соодветно образование и искуство во областа.
Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак, како што рече Кузеска, е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014. Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво, истакна Кузеска.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на гробарите на Македонија, тандемот и браќата по корупција – Зоран Заев и Венко Филипче, наместо да се скрие, крева галама за нешто што е одмината работа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/VMRO-DPMNE-sedishte.jpg)
Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои:
1. Бараа провизија на вакцини;
2. Крадеа на цитостатици;
3. Испумпуваа милиони од РЕК;
4. Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа;
5. 7 години не направија километар пат;
6. Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело.
Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник“.
Македонија
Сиљановска-Давкова со честитка до Бајден по повод Денот на независноста: Ние се гордееме на традиционалното пријателство со американскиот народ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/siljanovska-davkova-1.jpg)
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до претседателот на САД, Џо Бајден.
„Овој 4 Јули американските граѓани ја прославуваат 248-годишнината од усвојувањето на декларацијата за независност и ги слават принципите на слобода и на еднаквост, кои се вградени во овој документ, што претставува инспирација за многу народи во светот. Стремежот на татковците на американската нација да формираат влада, која го застапува и ја црпи својата моќ од народот, е еднакво валиден до ден-денешен и за многу други народи и концепти на управување, вклучувајќи го и македонскиот. Споделувајќи и негувајќи ги овие вредности, ние се гордееме на традиционалното пријателство со американскиот народ и сме посветени на неговото натамошно зацврстување, како и на унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.
Како стабилен партнер и докажан сојузник на Соединетите Американски Држави во НАТО, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет со учество во заедничките активности во борбата против заканите врз стабилноста и мирот во Европа и во светот“, пишува Сиљановска-Давкова во писмото до Бајден.
„Ја користам оваа пригода да се заблагодарам за поддршката од страна на Соединетите Американски Држави во спроведувањето на нашите реформски процеси нагласувајќи дека ќе продолжиме посветено да работиме на нивната реализација. Нашата крајна цел е унапредување на благосостојбата на македонските граѓани, полноправно членство во ЕУ, а со тоа и подигнување на нашиот статус и зголемување на нашата сила како сојузник во НАТО.
Повторувајќи ги моите срдечни честитки и надежта дека цврстите врски помеѓу нашите две земји и пријателски народи ќе продолжат да јакнат и во иднина, Ве молам, господине претседателе, да ги примите изразите на моето највисоко почитување“, додава претседателката.