Македонија
Муцунски побара поддршка од Франција за евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес го прими амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.
Оваа средба следува по неодамнешната со претседателот на Франција, Емануел Макрон, што ја оствари делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.
Во разговорите со амбасадорот Ле Риголер акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, при што министерот Муцунски ја истакна потребата за засилен ангажман и поддршка од Франција како една од водечките членки на ЕУ. Дополнително, министерот ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на клучните реформи за членството во Унијата.
Двете страни разменија мислења за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните предизвици во областа на регионалната безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка