Македонија
Муцунски учествуваше на владина донаторска конференција „Ромите и пријателите“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше и се обрати на владината донаторска конференција „Ромите и пријателите“, посветена на проекти за подобрување на интеграцијата на Ромите во општеството, со акцент на домувањето, културата и образованието.
„Ми претставува особена чест што денес учествувам на овој значаен настан, чија цел е поддршка на поголема инклузија на Ромите во нашето општество. Како мултиетничко демократско општество, Северна Македонија е целосно посветена на промоција на инклузијата и еднаквоста, со акцент на заштитата на човековите права за сите наши граѓани,“ истакна министерот.
Министерот го потенцираше значењето на Националната стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030, која адресира клучни области како образование, вработување, домување, социјална и здравствена заштита. Тој нагласи дека Владата ќе продолжи со напорите за постигнување социјална кохезија и еднаков развој и цврсто ќе стои на ветувањето ,,никој да не биде изоставен”, во согласност со Агендата 2030 на Обединетите нации.
Во своето обраќање, министерот потсети дека нашата држава е лидер во регионот во унапредувањето на правата на Ромите, со долгогодишен придонес во спроведувањето на Декадата на Ромите. „Затоа, апелирам да продолжиме да го градиме нашето општество на принципите на инклузија и еднаквост, создавајќи услови за целосна социјална интеграција и економско зајакнување на ромската заедница,“ заклучи министерот Муцунски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДС со соопштението „Мицкоски најавува избори“, покажува дека се плаши од соочување со народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС со ново соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот. Доколку СДС смета дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопшстението на СДСМ.
„Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори.
Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат во жива кал.
СДС треба да се реформира од луѓето кои им ја водат партијата, на чело со Филипче, а во сенка на Заев“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) „Корупцијата на власта оди до Брисел“, Филипче ја повика Ковеши да дојде во Македонија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите што ВМОР-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, со која се загрозени 130 милиони евра.
„СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра. Не може да имаме доверба во институциите на власта со притисокот на власта кои што со своето однесување се заштитници на криминалот, и тоа да биде над правото и над јавниот интерес“, рече Филипче.
Тој додаде дека власта единствено нешто што прави во однос на сите скандали а посебно со скандалот со ИПАРД е да ја дефокусира јавноста.
„Наместо одговорност после апсењето на нивниот директно, член на ВМРО-ДПМНЕ, директор во Агенцијата за финансиска поддршка, гледаме само спинови и обвинувања кон опозицијата. Но фактите се јасни – се случи најголемата проневера на европски пари во Македонија, ИПАРД фондовите и тоа луѓе, членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе блиски до премиерот Хријан Мицкоски“, рече Филипче.
На прес-конференцијата тој појасни дека со вклучување на Лаура Ковеши, овој скандал целосно ќе се расчисти и ќе се осигура дека нема повторно да се случи.
„Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ да си играат со судбината на Македонија и да си играат со европската иднина на граѓаните, и да си играат со европските фондови коишто се наменети за подобар живот на граѓаните и за подобар систем тука во државата“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
(Фото) Финализирана реконструкцијата на улицата Ѓорѓи Димитров
Со завршувањето на последната фаза од асфалтирањето, комплетно е финализирана реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода.

default
„Со новото уредување се создава уреден сообраќаен пат- широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор како и ново улично осветлување. Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и многу поквалитетно секојдневие за жителите.

Реконструкцијата покрива потег долг околу 1200 м и широк 12 метри.

Проектот е обезбеден со поддршка од Владата на Република Македонија преку Програмата за капитални инвестиции“, соопшти општина Кисела Вода.



