Македонија
Наградени припадниците на Баталјонот за почести

По повод Денот на Баталјонот за почести, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ги награди припадниците на единицата за вложениот труд, покажаните резултати и професионалниот однос во извршувањето на задачите. Наредбата за наградите беше прочитана на денешната свечена церемонија на промена на државните знамиња пред Владата, со која Баталјонот за почести го одбележа Денот на единицата, 11 Ноември.
Оваа година Баталјонот за почести работно го одбележа Денот на единицата, 11 Ноември. Покрај церемониите за промена на државните знамиња пред Владата и пред резиденцијата на претседателот на Република Македонија, припадниците на баталјонот организираа повеќе настани, како промоција на првата македонска офицерска сабја, промоција на книгата „Почесна гарда на АРМ“ од м-р Иван Атанасоски, крводарителна акција во ГОБ „8 Септември“, по вторпат се реализираа Гардиски игри во касарна Илинден, а делегација од bаталјонот попладнево ќе ја посети Детската клиника во клиничкиот центар каде ќе им посакаат побрзо оздравување на децата, ќе им подарат скромни подароци и ќе им пренесат поздрави од сите гардисти.
Денот на единицата оваа година се поклопува со 75-годишнината од формирањето на славната Прва македонско-косовска ударна бригада чии традиции ги продолжува Баталјонот за почести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.