Македонија
Над 500 деца трчаа на мини маратонот во паркот „Авион“
Над 500 децa учествуваа на 12. по ред мини маратон што денеска се одржа во паркот „Авион“. Оваа година децата трчаа под мотото „Училишта без насилство за секое дете“. Гости на настанот беа актуелната светска рекордерка во маратон за жени, Пола Редклиф, претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс, и претседателката на советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска.
Во трката учествуваа ученици од шесто одделение, кои трчаа по кружна патека кај авиончето во должина од 500 метри, со иста позиција за старт и цел, а настанот беше збогатен со музичка програма пред и по завршувањето на спортскиот дел. Трката немаше натпреварувачки карактер и сите учесници добија медали и награди.
Детскиот мини маратон се одржа во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Сојузот на училиштен спорт на Скопје, а под покровителство на УНИЦЕФ и во рамки на Виз ер скопскиот маратон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

