Македонија
Наместо да протестираат, премиерот бара трпение од здравствените работници, кои чекаат исплата од ФЗО
Здравствените работници и корисниците на услугите на Фондот за здравство да имаат трпение. Ова е пораката што ја испрати премиерот Димитар Ковачевски по најавениот протест поради ненавремена исплата на средства поради хакерскиот напад. Премиерот посочува дека станува збор за хибридна војна, каде што нападнат е системот на ФЗО, а решение за исплата веќе е најдено.
„Се работи за хакерски напад на ФЗО. Исти тип како што го имаа Министерството за земјоделство и други институции. Тоа е дел од хибридната војна што се води во Европа покрај класичната војна, која се води во Украина со нападот од страна на Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број на држави, и тоа особено членки на НАТО. Во моментот тимовите на Министерството за здравство и ФЗО работат со експерти и професионалци од Германија и други држави со цел да се реши проблемот со хакерскиот напад во ФЗО бидејќи во овој момент не може да тече исплатата од ФЗО по разни основи“, посочува Ковачевски.
Имало разговор и со Министерството за финансии.
„Јас разговарав со министерот за финансии, кои ќе имаат решение, но свесен дека вработените немаат плата, а имаат обврски за исплаќање – разговаравме да се исплатат плати преку централниот трезор, а потоа да се направи порамнување со трезорот во ФЗО. Се работи за комплексна операција Јас упатувам апел до сите вработени во здравствениот систем, до сите корисници на услугите, да имаат трпение, бидејќи вработените деноноќно работат за овој проблем да биде решен во корист на сите корисници на услугите“, додава премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

