Македонија
Народниот правобранител отвора постапка поради дивата депонија „Вардариште“
По иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во Град Скопје, народниот правобранител отвори постапка против „Комунална хигиена“ и Град Скопје за директно загадување на животната средина и индиректно труење на граѓаните.
Иницијативата до народниот правобранител претходно ја поведе советничката Светлана Колариќ поради, како што е наведено, заштита на правата на граѓаните што секојдневно се трујат преку непрописно исфрлање смет и токсични материи од страна на градското претпријатие „Комунална хигиена“.
„Народниот правобранител одлучи да поведе постапка против таквото дивеење на градските институции водени од Шилегов, со што се нарушува здравјето на граѓаните“, велат од советничката група..
Од тука нагласуваат дека „Вардариште“ е дива депонија, која се полни од страна на јавното комунално претпријатие и преставува еколошка бомба.
„Толерирањето и креирањето на депониите доведе и до вчерашната еколошка бомба во Шуто Оризари и Визбегово и пожарот од кој беа загрозени жителите на овие места, но и целиот град Скопје. Додека Шилегов диши чист планински воздух во Маврово, градот Скопје се задушува во депонии создадени и толерирани од Градот. Нема друг главен град во светот каде што самиот создава депонии, како што е случајот со „Вардариште“. Очекуваме народниот правобранител да ги заштита правата на граѓаните“, додаваат од советничката група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

