Македонија
(Видео) Народниот правобранител ќе преземе мерки за нападот врз демонстрантите пред Собрание
Заменик-народниот правобранител, Васка Бајрамовска, на денешната прес-конференција информираше дека Омбдусманот го разгледува случајот со нападот врз демонстрантите пред Собрание кога припадниците на полицијата фрлија солзавец кон лицата кои протестираа против промена на името и Уставот.
„Отворени се претставки кои пристигнаа од неколку лица, присутни на протестот. Се следи целиот случај и наскоро ќе се преземат мерки“, рече Бајрамовска.
На протестот кој пред Собранието се одржа на 17 месецов единицата за брзо распоредување со шок-бомби и солзавец ги растера демонстрантите.
Протестот, организиран преку социјалните мрежи, ескалираше откако дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат кордонот за да влезат во законодавниот дом, по што припадниците на ЕБР со оклопни возила ја растурија толпата.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

