Македонија
Наставата во училиштата во општина Центар ќе почне на 2 септември
Учебната година во основните училишта во општина Центар ќе почне в понеделник, 2 септември, а во сите училишта ќе биде организиран свечен прием за првачињата и нивните родители, соопштија од Општината.
И во новото општинско училиште во населбата Капиштец ООУ „Киро Глигоров“ наставата ќе почне на 2 септември, а приемот и свечената приредба за учениците ќе почне во 9:30 часот.
Во ООУ „Киро Глигоров“ во оваа учебна година се запишаа 250 деца од кои се формирани вкупно девет паралелки од прво до петто одделение, а во наредните години бројот на паралелките ќе се зголемува пропорционално со запишувањето на новите ученици.
Во изминативе денови има различни информации дали учебната година ќе почне на време поради протест на наставниците што го најавува Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Според последните информации, Синдикатот в недела ќе ја каже конечната одлука. СОНК бара зголемување на платите на просветните работници за 25, а не за 5 отсто како што е најавено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

