Македонија
Националниот ден на Власите неработен за влашката заедница во земјата

Национален ден на Власите, 23 мај (сабота), е неработен за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството појансуваат дека оваа одлука е во согласност со Законот за празниците на РМ и воедно на граѓаните припадници на влашката заедница им го честитаат Националниот ден на Власите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево

СВР Охрид известува дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун.
Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.
Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе“ кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.
„Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци“, велат од СВР Охрид.
Македонија
„Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Вистината е една, а лагите можат да бидат многу. И затоа, СДС и Венко Филипче, се повеќе се плеткаат во нивната мрежа на лаги и не знаат кога што кажале. Денес зборуваат едно, утре друго. Филипче, кој е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев, слепо тргнал по неговите стапки, дење да зборува едно, ноќе друго“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче прво негираше дека има златна виза за Дубаи, за потоа да потврди дека ја поседува.
Иако сите знаат дека таква виза се стекнува со инвестирање од над 500 илјади долари, СДС го брани дека Филипче не поседува бизниси во Дубаи, но не кажува како ја стекнал златната виза.
Откако се заплеткаа во сопствените лаги, повикуваме СДС и Филипче да не молчат како што молчеа за скандалите со дрога на нивните функционери и активисти. И наместо да смислуваат разни лаги и изговори, треба само да ја кажат вистината, дали преку инвестиции Филипче се стекнал со златната виза?
Дали Филипче е ортак во бизнисот на Заев, кој во Дубаи гради облакодер од 50 ката?
Златната виза за Дубаи може се добие и за студирање медицина со потврда од Министерството за здравство од ОАЕ.
Па затоа, го прашуваме Филипче, дали студирал медицина во Дубаи и ако студирал, кога и дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?
Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата за студирање во Дубаи. Но, доколку ја нема веднаш треба да си поднесе оставка, да се извини на јавноста и да одговори како и со кои пари стигнал до златната виза?
Заев и Филипче со години ја ограбуваа државата и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да инвестираат во Дубаи и да добиваат златни визи.
Затоа што со чиновничка плата, макар таа била премиерска, министерска или на пратеник, не се стига до инвестиција од над 500 илјади долари. СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Таравари да одговори со што го уценија ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување.
Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика.
Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.