Македонија
Нацрт-амандманот за почитување на суверенитетот на соседите денеска пред Комисијата за уставни прашања

Третиот нацрт-амандман денеска ќе биде разгледан на седница на собраниската Комисија за уставни прашања.
Со третиот амандман се отвора членот 3 од Уставот кој гарантира дека територијата на Македонија е неделива и неотуѓива и дека границата може да се менува само со закон. Власта во овој член додава дека Републиката ќе го почитува територијалниот интегритет, суверенитетот и политичката независност на соседните држави, како гаранција дека Македонија нема претензии кон соседите.
Со разгледувањето на нацрт-амандманите во Комисијата за уставни прашања започна втората фаза од уставните измени. За да поминат четирите нацрт-амандмани во следната фаза потребно е апсолутно мнозинство од 61 глас. Следен чекор е седницата на која предлог-амандманите треба да станат дел од Уставот, за што ќе биде неопходно двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници да ги поддржат измените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Центар, Аеродром и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 06:00 до 08:00 часот, корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2 и објектите околу бизнис центарот, општина Центар;
– Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;
– Во периодот од 08:30 до 15:30 часот,дел од корисниците на улицата Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром;
– Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улицата Венијамин Мачуковски, национален ансабл танцер и околината, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.