Македонија
Најгорлив проблем за Ромите во Прилеп е невработеноста
Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска во Скопје учествуваше на промоцијата на програмата ROMACTED – „Промовирање добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, заеднички проект на ЕУ и Советот на Европа. Програмата има цел да изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти во насока на јакнење на ромската заедница и подобрување на институциите во работењето на прашањето на инклузија на Ромите.
На конференцијата градоначалникот Јованоски со програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и со Министерството за труд и социјална политика потпиша меморандум за разбирање кој има цел обезбедување рамка за соработка за спроведување на програмата ROMACTED.
Во своето обраќање Јованоски рече дека ромската заедница во Прилеп се соочува со голем број проблеми како од егзистенцијален така и од инфрастуктурен карактер, на чие решавање локалната самоуправа е максимално посветена.
„Меѓу најгорливите проблеми за Ромите во Прилеп е невработеноста. Неопходно е целата заедница, поточно во спрега меѓу локалните и централната власт да се решаваат и овие проблеми. Инклузијата на најмладите Роми во процесот на образование ги дава резултатите. Но, сепак, неопходно е некои од граѓаните со преквалификации, доквалификации и други мерки да бидат конкурентна работна сила на пазарот на трудот. Што значи да конкурираат рамноправно на огласите за работа и да дојдат што побрги до соодветно работно место“, истакна Јованоски. Од имплементацијата на програмата ROMACTED – „Промовирање добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ се очекува олеснување на пристапот на Ромите до јавните услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

