Македонија
Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 2 во Тетово, Дебар и Претор, 3 во Скопје-Петровец и Штип, 4 во Куманово и Демир Капија, 6 во Струмица и Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.
Висина на снежна покривка во 𝟢𝟩 часот (во сᴍ)
68 Попова Шапка, 60 Маврови Анови, 25 Крушево, 7 Тетово, 4 Гостивар.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со повремен локален дожд, на планините повремен снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска
Променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничениот Асмир Јахоски му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.
Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение, информираат надлежните.
Македонија
СДСМ најави нов скандал: „Поврзан е со тендерските мрежи на ДПМНЕ“

СДСМ извести дека денеска на прес-конференција ќе објави нов скандал „поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ, на нивните омилени фирми преку кои се испумпуваат парите на граѓаните“.
Прес-конференцијата ќе се одржи во 12 часот во седиштето на СДСМ, на којашто ќе се обрати Богданка Кузеска – портпаролка на партијата.
Македонија
Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ се одржува од денеска до 15 март во Баку, Република Азербејџан.
Таа оцени дека Глобалниот форум во Баку во изминативе години прерасна во една од најважните меѓународни платформи, што ги адресира најважните регионални и глобални прашања.
„Мултилатерализмот отстапува пред мултиполаризацијата. Растечкото геополитичко ривалство го ослабнува системот за колективна безбедност. Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни. Консензусот по Втората светска војна се доведува во прашање. Како да живееме на почетокот на една нова ера во која се поткопува меѓународниот систем втемелен на правила“, рече претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Форумот.
Во контекст на актуелните геополитички превирања, претседателката посочи дека од ден на ден имаме сѐ повеќе прашања, а сѐ помалку одговори, а светот станува многу поразлично место.
Таа изрази уверување дека Глобалниот форум во Баку може да понуди свежи перспективи за тоа како да продолжиме да работиме во насока на постигнување и зачувување на мирот, како врвен заеднички интерес.
Главно обраќање на свеченото отворање на настанот имаше претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, а меѓу говорниците беа и претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.