Македонија
Најладно утрово на Попова Шапка
Утрово најладно било на Попова Шапка кадешто се измерени -4 степени, -1 било во Берово и Маврови Анови, 0 во Крушево и Лазарополе, 1 во Прилеп и Струмица, 2 во Битола, Демир Капија, Штип и Кавадарци, 3 во Охрид и Претор, 4 во Гевгелија, Дебар, Крива Паланка, Виница, Велес и Куманово, 5 во Скопје-Петровец и Тетово, 6 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 42 сантиметри на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови и 6 во Крушево.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Умерено до значително облачно со слаб локален дожд. По одделни котлини има појава на магла, особено во Пелагонија. Наместа дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Времето денеска
Претпладне по одделни котлини, особено во Пелагонија ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

