Македонија
Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -4 степени, -2 било во Битола и Прилеп, 0 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Попова Шапка, 1 во Штип, 2 во Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 во Виница, Кавадарци и Маврови Анови, 4 во Крушево, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 6 во Скопје-Петровец, Велес, 9 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 38 сантиметри на Попова Шапка, 28 сантиметри во Маврови Анови и 7 сантиметри во Битола.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. По котлините во поголем дел од денот со ниска облачност и магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно, магливо и тивко. Попладне ќе има делумно намалување на маглата. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради сообраќајна несреќа забранетo движење во двата правци на А-2 Крива Паланка кон Деве Баир
Попладнево од 17:35 часот, поради вршење на увид, по претходно случена сообраќајна незгода, воведена е забрана за движење за сите видови возила во двата правци на А-2 Крива Паланка од клучка Експресен Пат кон ГП-Деве Баир, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
За расипништвото и аматеризмот на СДС и ДУИ мора да има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Kриминалниот и неодговорен однос на СДС и ДУИ во изминатите седум години, нивното расипништво и аматеризам, ја имаат својата цена, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, секое неодговорно трошење и секој пропуст да се заштитат националните и економските интереси од СДС оставија длабоки траги врз стандардот и секојдневието на луѓето.
„Но, добро е што тоа време е зад нас. Сега Македонија има влада која работи за граѓаните, со јасна цел да ја врати стабилноста и довербата во институциите.
Оттаму, денешната изјава на неврохирургот на Заеви, Венко Филипче, е уште еден обид да се прикрие историската неспособност на СДС во управувањето со економијата и последиците кои ги оставија зад себе. Она што денес го сведочиме не е резултат на осум месеци одговорно владеење, туку на години хаос, нестручност и игнорирање на потребите на граѓаните од страна на владата на СДС“, велат од владејачката партија.
Како што додаваат реалноста е јасна: „инфлацијата, која го погоди секој дом и секој граѓанин, е директен производ на нивното владеење. Венко Филипче заборава дека токму тие наместо да ја стабилизираат состојбата на економски план, драматично ја влошија. Заборава и дека СДСМ го остави државниот буџет на колена, без визија и план за справување со економските предизвици“.
ВМРО-ДПМНЕ, додаавт од партијата на Мицкоски, се бори за интересите на граѓаните и ги повикува сите да испратат јасна порака дека економските политики мора да бидат ориентирани кон нив, а не кон лични или партиски интереси.
Филипче, како што истакнуваат, да не се прави дека е од вчера дојден.
„И да не мисли дека народот заборавил што се се случуваше кога тој и Заев беа на власт и кога СДС и ДУИ дивееја по државава забегани во корупција и во држава со галопирачка инфлација и рекордна сиромаштија. Филипче, не си од вчера. Те знае народот. И не заборава кој си и што злодела имаш направено“, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Владата ги усвои договорите за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот
На денешната 46 владина седница, донесовме низа важни одлуки кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните, да ја зајакнеме економијата и да ја подобриме транспарентноста, информира владината портпаролка Марија Митева.
Таа соопшти дека се усвоени двата договори за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот со што, како што најави, средствата ќе станат оперативни.
Ова, според Митева, ќе претставува позитивен импулс за компаниите, „со исклучително поволни услови, рок на отплата до 15 години, 3 години грејс период и каматна стапка од 1,95%“.
Втората одлука како што појасни Митева се однесува на зајакнување на системот најавните набавки како дел од Реформската агенда каде се предвидени повеќе реформи во делот на управувањето со јавните финансии.
„Европската комисија повеќе години во извештаите за напредокот го критикува пречестото користење електронски аукции и истото го посочува како битен недостаток во системот на јавните набавки.
За таа цел Владата ја разгледа Информацијата за обврската за намалување на процентот на електронски аукции во јавните набавки во 2025 година да се намали до најмногу 40% од бројот на објавените постапки и ги задолжи и им препорача на сите органи на државната управа да преземат мерки за намалување на бројот на електронски аукции во јавните набавки.
Конечно, како дел од нашата постојана заложба за навремено постапување се однесува и денешната одлука со која Владата го утврди и го доставува до Собранието полугодишниот законодавен преглед со предлози на закони и други акти по кои одлучува Собранието и истиот согласно динамиката вклучува 60 законски решенија произлезени од Програмата за работа на Владата“, соопшти Митева.