Македонија
Најчевска: Охридскиот договор би заминал во историјата ако се отстрани „20 проценти“ од Уставот
Професорката Мирјана Најчевска објаснува дека отстранувањето на 20 проценти од Уставот би повлекло повеќе работи, меѓу кои и сместувањето на Охридскиот договор во историјата, чиишто точки ја содржат формулацијата 20 проценти.
„Отстранувањето на 20 проценти од Уставот повлекува: Сместување на Охридскиот рамковен договор на полицата на историјата; Затворање на министерството за политички систем; Отстранување на секое спомнување на правична застапеност; Отстранување на сите одредби со кои се предвидува афирмативна акција поврзана со вработувањето, студирањето, напредувањето; отстранување на одредбите кои се повикуваат на Бдентеровиот принцип“, вели Најчевска.
Додава дека ако овие три партии се согласуваат со ова, супер би било да се отстранат тие 20 проценти од Уставот, против кои таа била уште од самиот почеток на нивното воведување.
Претходно денес, лидерот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, изјави дека неговата и партиите на Билал Касами и Изет Меџити бараат утре на седницата во парламентот за уставните измени со цел внесување на бугарската заедница да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“, која ја ограничува, како што рече, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

