Македонија
На експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, ќе му се суди во Велес
Основниот кривичен суд во Скопје соопшти дека на обвинетиот Владимир Панчевски ќе му се суди во велешкиот суд поради непристрасност.
„Судот достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија поединец од Кривичниот суд за пренесување месна надлежност и определување друг суд што ќе постапува по предметот К. бр. 1292/19, оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО Скопје против В. П. за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, во согласност со член 27, ст. 3, в.в. ст. 4 од ЗКП, го уважи предлогот“, соопшти скопска „единица“.
Апелација утврдила дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд, што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и во согласност со член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.
Со решението на Апелациониот суд во Скопје, Основниот суд во Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет.
Поранешниот претседател на Кривичниот суд е обвинет за рачно местење предмети наместо да бидат електронски распределени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

