Македонија
На Кардиологија досега се изведени 100 ТАВИ-процедури
На УК Кардиологија досега се изведени стотина ТАВИ-процедури, едни од најкомплексните во интервентната кардиологија. Оваа нова метода опфаќа минимално инванзивна нехируршка имплантација на аортни залистоци, кај пацинети кои имаат стеснување на аортниот залисток. Министерот за здравство Венко Филипче денеска посети пациенти на клиниката кај кои е извршена методата ТАВИ, и за нивната здравствена состојба разговараше со стручниот тим која ја изведува методата д-р Зимбаков, д-р Бушљетиќ и неколку млади интервентни кардиолози кои се во фаза на интензивен тренинг.
Министерот Филипче и директорот на клиниката, Зимбаков, денеска разговараа и околу тоа што дополнително треба да се направи за доопремување на еден дел од клиниката за да се подобрат условите за пациентите.
-Изминатиов период клиниката доби опрема три ЕХО-апарати, бидејќи тие се дел од секојдневната рутина за работа на клиниката. Респираторни машини што досега ги немаше, специјален мобилен ангиограф, кој служи за една посебна метода за работа во сала за интервенции и во тек е и при крај е постапка со која ќе се набави опрема за воведување на нова метода за третман на срцевите аритмии, нешто што е навистина врвна метода насекаде во светот – истакна Филипче.
Министерот рече дека кардиолозите на клиниката по којзнае којпат покажуваат дека се стручни и спремни на пациенти да им пружаат врвна здравствена заштита. Се покажаа и како добри менаџери во делот на третман на пациентите со Ковид-19.
-Ковид-центарот е спремен, дополнително опремен, сите се надеваме дека нема да треба, но може во кој било момент да биде активиран тука да се третираат пациенти, додаде Филипче.
Директорот на клиниката, Жан Зимбаков, рече дека при примената на оваа метода кај пациентите со специјално дизајнирани жици се влегува со пункција, односно боцкање на пулмоналната артерија и се внесува валвулата.
-Оваа метода е неменета за пациенти со тешка аортна стеноза, тоа се тешки пациенти. Веќе можеме да кажеме дека рутински се работи. Тренд е во светот да се работат вакви интервенции и предноста е рана мобилизација на пациентите, односно раздвижување на пациенти коишто наредниот ден ги активираме условно кажано се враќаат во нормален режим на живот. Се работи без општа анестезија, значи само со блага седација кај пациентите со обезболување и нема потреба од отворање на градниот кош, односно екстра корпорална циркулација со што се намалува ризикот од компликации. Сите процедури до сега се успешно извршени, се надеваме дека понатаму трендот ќе биде таков ќе го задржиме и ќе се работат многу проекти – изјави денес директорот на Клиниката за кардиологија д-р Жан Зимбаков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

