Македонија
На Криволак почна уништувањето на 12.700 бомби пронајдени во Битола
Пронајдените 12.700 бомби од Првата светска војна во Битола од денеска се уништуваат на Криволак. Министерството за одбрана информира дека побарале прелиминарна проценка на емисиите на суспендирани честички од детонирање на експлозии, од лабораторијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Анализата, предводена од проф. д-р Дејан Мираковски, извршена со користење на емисиони фактори, покажала дека детонациите нема да предизвикаат промена во квалитетот на воздухот во пошироката околина на полигонот Криволак.
Уништувањето ќе се врши постапно во 4 термини овој месец – на 15, 18,22 и 23 декември, и уште неколку термини во јануари 2021 година.
„Имајќи ја предвид дневната динамика на планот за постапно уништување на бомбите и количината која ќе се уништува во таканаречени фугаси (дупки за уништување на мините) анализата на лабораторијата при Универзитетот во Штип покажа дека емисијата на цврсти честички ќе биде помала од емисијата која се добива од согорување на 60 m3 дрва, количина која во една грејна сезона се користи за загревање на десетина домаќинства, и нема да има штетно влијание на пошироката околина на полигонот“, информираат од Министерството за одбрана.
Во продолжение го пренесуваме заклучокот од анализата на универзитетската лабораторија „Амбикон“:
„Количината на суспендирани цврсти честички која се ослободува при детонација на еден тон TNT, според базите на емисиони фактори дефинирани во збирката на американската Агенција за заштита на животна средина, како и oд Прирачникот за процена на емисии при детонација на експлозиви ( Влада на Австралија), изнесува 93 kg.
Со планот е предвидено дневно да се иницираат (уништат) од 1900 до 2000 гранати, со експлозивно полнење од 0,5 kg или вкупно околу 1050 kg експлозив (заедно со иницијаторското полнење), што резултира со очекувана емисија на околу 98 kg суспендирани цврсти честички. За споредба, согорувањето на околу 10 m3 огревно дрво во класични ложишта, резултира со вкупна емисија на околу 100 kg суспендирани цврсти честички, што е количина на огревно дрво која се согорува на дневно ниво, во населба не поголема од стотина куќи кои се загреваат со овој енергенс.
Следствено, вкупната емисија на суспендирани цврсти честички од процесот на уништување на сите експлозивни средства во текот на наредните два месеца (околу 586 kg) е нешто помала од емисијата која се добива од согорување на 60 m3 дрва, количина која во една грејна сезона се користи за загревање на не повеќе од десетина домаќинства.
Од тука, а имајќи го предвид временскиот распоред на активностите кои се изведуваат на растојание од неколку дена до неколку недели (во зависност од временските услови), како и локацијата на уништување која е значително оддалечена од населени места или јавни површини, слободно може да се констатира дека значителна промена на квалитетот на воздухот во пошироката околина на полигонот Криволак, а како резултат на планираните активности, не би требало да се очекува“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи
Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје.
„Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.“, соопшти МВР.
Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски.
„Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги“, соопштиа МВР.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДСМ со двојни аршини – против возење без дозвола, а гласаа против „Безбеден град“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изјави дека СДСМ и Венко Филипче применуваат двојни аршини во однос на прашањето за безбедноста во сообраќајот.
„Од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот ‘Безбеден град’“, рече Петрушевски.
Петрушевски потсети дека СДСМ и Филипче гласале против проектот „Безбеден град“ во Собранието, додавајќи дека координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој е поранешен министер за внатрешни работи, не направил ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Според него, во време на претходната власт не бил имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци. Додаде дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, туку решение за заштита на животите на граѓаните.
Македонија
Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија
Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија, информира СВР Охрид.
Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.
Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава.
„Апелираме до граѓаните на Охрид и Струга, да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои, ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје“, велат од СВР Охрид.
фото/Depositphotos

