Контакт

Македонија

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи комеморативна седница за проф. д-р Јосиф Тосевски

Објавено пред

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, утре, 22 декември, од 11 часот, ќе се одржи комеморативна седница во чест на еден од најистакнатите професори и поранешен декан на факултетот, проф. д-р Јосиф Тосевски.

dobivaj vesti na viber

Во неговата професионална кариера се обединети трите столба на ветеринарната медицина: едукацијата, науката и практиката (применувачката дејност). Уште во младоста се стекнува со големо професионално искуство од областа на интензивното сточарско производство, особено на свињите, кое потоа ќе го преточи во сферата на стручното образование, најпрвин во средното, а подоцна, со формирањето на Ветеринарниот факултет (денешен ФВМС) во Скопје, и во високото (факултетското), односно во образовањето генерации доктори по ветеринарна медицина во Македонија, како и во редицата научни статии објавени во списанието „Македонски ветеринарен преглед“ во првите години на Ветеринарниот факултет во Скопје.

Во осумдесеттите години на минатиот век преку деловната заедница „Ветерина“ учествува во стручното усовршување и доедукацијата на ветеринарните лекари, дејност што може да се смета за достигнување на денес актуелното континуирано образование, односно концептот на доживотно учење, што се негува во земјите членки и аспиранти за Европската Унија.

Тосевски е роден во Свети Николе на 14.2.1943 година. Основно училиште завршува во Свети Николе во 1958 година, ветеринарен техникум во Битола во 1962 година, а Ветеринарниот факултет го завршува во Белград во 1968 година, каде што има и докторирано во 1984 година, наслов на докторската дисертација: „Утицај индукованог прашења на неке физиолшке и производне особине рано одбијене прасади“.

Во 1969 година се вработува во ЗИК „Овче Поле“ како ветеринарен лекар во говедарството, живинарството и свињарството. Во 1970 година е ангажиран од страна на Заводот за техничка помош на СРМ и остварува стручна посета на свињарски фарми во Бугарија. Во 1976 година од страна на Југословенскиот одбор за свињарство е избран за член на комисијата за избор на селектирани нерези за приплод од Шведска. Истата година на VI собир на одгледувачите на свињи, одржан во Скопје, ја добива златната плакета како признание за вонреден придонес во развојот на свињарството во Југославија.

Во периодот 1981 – 1985 година го изготвува наставниот план и програма и учествува во наставата во Средното ветеринарно училиште во Свети Николе. Од 1983 до 1987 година работи во Месната индустрија во Свети Николе, каде што го има развиено комплетниот капацитет на производство и контрола на производите од животинско потекло. Исто така, ги има организирано и работата на лабораториите за хемиски анализи и бактериолошки испитувања, трихиноскопијата и термостатирањето на конзервите.

Во 1988 година работи во „Ветерина“ – деловна заедница на ветеринарните организации, каде што создава услови за едукација на ветеринарните организации во извршување на својата мисија (улога и задачи), нивната дејност и обединување на прометот со лекови, помошни лековити средства и медицински помагала.

Во 1992 година е избран за доцент по предметот Патолошка физиологија на домашните животни на ветеринарната насока при Земјоделскиот факултет во Скопје, а со осамостојувањето на Ветеринарниот факултет (денес Факултет за ветеринарна медицина) во 1994 година станува шеф на Катедрата за патолошка физиологија и на таа позиција е сè до пензионирањето во 2007 година. На предметот Патолошка физиологија е избран за вонреден професор во 1996 година, а за редовен професор во 2001 година. Освен тоа, на предметот Физиологија на животните е избран во редовен професор во 1998 година. Во периодот 2001 – 2006 година ја држи наставата и по предметот Управно ветеринарство.

Во периодот 1996 – 2000 година е продекан за настава, а од 2004 до 2005 година декан на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. Од 1998 до 2000 година ја врши функцијата директор на Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Проф. д-р Тосевски има учествувано на годишните генерални собранија (1966, 1967 и 1968 година) на Меѓународното биро за епизоотии (Office international des epizooties – OIE) во Париз во 1998, 1999 и во 2000 година. Во рамките на програмата FARE за земјите од Југоисточна Европа, во 1999 година остварува низа стручни посети на приватни ветеринарни друштва, институти, факултети и ветеринарни комори и здруженија во Пирбрајт, Вејбриџ, Рединг, Хелсинки и Лелистад.

Во периодот 1998 – 2000 година, во функција на директор на Управата за ветеринарство и претседавач на Комисијата за земјоделство, учествува во спроведувањето на Договорот за асоцијација од 1997 година, како и во подготовката на елементи за Договорот за асоцијација и стабилизација на Република Македонија со Европската Унија од 2000 година.

Исто така, има учествувано во работата на работната група формирана од Министерството за здравство со цел изготвување закон за безбедност на храната, закон за стандардизација на храната и закон за акредитација на лаборатории и служби (сите во соработка со со ГТЗ – Германија). Во 2000 година учествува во работата на семинарот за воведување систем на квалитет и управување со квалитетот (ISO 9001:2000) во ветеринарното здравство, организиран од страна на Генералната дирекција за земјоделство и храна во Брисел.

Проф. д-р Тосевски, самостојно или во соработка со други научни работници, е автор на 56 научни и стручни трудови објавени во разни научни и стручни списанија во земјата и странство или усно изложени на разни домашни и меѓународни собири. Автор е и на учебникот „Патолошка физиологија на цицачи и птици“ и коавтор на 2 учебника: „Практикум по клиничка патофизиологија“ и „Енциклопедиски речник по патофизиологија“ (во коавторство со д-р Игор Улчар), на 1 монографија и на 1 книга, „Анамнестика за естетиката, деонтиката и етиката“ во два тома.

Професорот Тосевски има дадено свој придонес во почетоците на процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ како директор на тогашната Управа за ветеринарство при МЗШВ (во периодот 1998 – 2000 година), конкретно во хармонизацијата на прописите од ветеринарното јавно здравство и безбедноста на храната со соодветната европска легислатива, со што можеме да го вброиме како еден од втемелувачите на овој сложен и долготраен процес, кој е сè уште во тек, што го потврдува значењето на неговата работа не само како доајен на ветеринарната медицина, нешто што го имаше веќе претходно постигнато, туку неговата дејност добива на значење и во еден поширок општествен контекст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Објавено пред

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани.

Во обраќањето таа потсети на визијата на Рихард Куденхоф-Калерги за обединета Европа изградена врз вредности, како и на заложбите на Ото фон Хабсбург за надминување на поделбите и интеграција на народите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Претседателката укажа дека денес постојат нови, политички бариери што ја држат земјата во состојба на продолжена неизвесност и покрај децениските реформи и направените тешки компромиси.

Според неа, македонските граѓани одамна ја покажале својата цврста определба за европската иднина и не им се потребни сожалувања и post-festum извинувања, туку навремени, ex-ante решенија за деблокада на евроинтеграцијата.

Таа повика на обновена политичка волја и лидерство што ќе го заокружи процесот на проширување.

На свеченото отворање на конференцијата се обратија: претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, претседателот на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Штефан Хабек претставник од Паневропската унија на Австрија и Институтот на регионите на Европа.

Паневропската унија на Македонија е формирана 1993 година и се залага за промоција на европските вредности и меѓународно лобирање за интеграција на државата во Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.

Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.

Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно со сончеви периоди, наместа со услови за провејување на слаб снег

Објавено пред

Утре променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег.

Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет5 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет6 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ7 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ7 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија8 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија10 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија11 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија12 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ12 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија13 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет13 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија14 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија15 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет16 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет16 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет16 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија1 ден

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...