Македонија
НВО „Зелен институт“ одржа јавна дебата во Општина Кисела Вода
Во просториите на Општина Кисела Вода во организација на НВО „Зелен институт“ денеска се одржа јавна дебата на тема: „План за комуникација и кампања против диво депонирање отпад“.
На оваа дебата, која беше поддржана од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, граѓани, претставници од државни институции, како и членови од невладините организации и здруженија имаа можност пред градоначалникот да даваат предлози и идеи за изнаоѓање решенија за проблемот со отпадот/дивите депонии на територијата на општината. Присутни на дебатата беа и вработени во Општината.
Градоначалникот Темелковски во своето обраќање до јавноста информира за тоа како Општината се справува со дивите депонии, како и за мерките што се преземаат за спречување на создавањето депонии. Темелковски нагласи дека заедно со граѓаните, граѓанските здруженија и невладините организации Општината ќе работи за изнаоѓање решение за овој проблем. Градоначалникот Темелковски најави дека Општина Кисела Вода на местата каде што постојат депонии ќе се засади садници. Покрај ова, градоначалникот информира дека на почетокот на октомври на територијата на општина Кисела Вода ќе засадат 2.000 садници/дрвца.
Пред присутните свое обраќање имаше и Наташа Амдиу, претседател на НВО „Зелен институт“, која говореше за причините за создавање и препораки за санирање на дивите депонии. Амдиу нагласи дека нивната цел е да се мапираат повеќе диви депонии, да се дискутира со граѓаните и да се чујат нивните предлози за изнаоѓање решение на проблемот со дивите депонии. Покрај ова, свое обраќање на оваа дебата имаше и Христина Оџаклиеска, член на Советот на Општина Кисела Вода.
На крајот од оваа дебата сите присутни се согласија дека во иднина треба заеднички и активно да се работи за подигнување на јавната свест кај граѓаните сè со цел подобрување на животната средина.
Овој настан, покрај поддршката од локалната самоуправа, беше поддржан и од Министерството за животна средина и просторно планирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

