Македонија
Невереме и во Кочани, дрво паднало врз автомобил во движење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/oblak-i-veter.jpeg)
Од Регионалниот ЦУК Штип, информираат дека има пријава за паднато дрво во Кочани кај училиштето „Гошо Викантиев“, што паднало врз кола во движење.
Засега нема информации дали има повредени и колкава е материјалната штета врз возилото.
Исто така, добиена е информација за паднато дрво на пат помеѓу Село Бањани и село Облешево каде што била блокирана едната коловозна лента и бил отежнат сообраќајот. Веднаш по пријавата во ЦУК, за истото, се известени надлежните институции.
Регионалниот ЦУК Штип информира, врз основа на комуникацијата со МВР Кочани, дека на магистралниот пат Кочани – Штип и експресниот пат Кочани – Штип нема прекин во сообраќајот.
Од ЈП Македонија Пат работна единица Кочани биле излезени на терен за отстранување на можни паднати гранки и остатоци од поројна вода. Во градот Кочани има пријава за оштетено возило при што сопственикот на возилото се изјаснил дека штетата самиот ќе ја покрие.
Исто така, од Јавното претпријатие за водовод и канализација на Кочани се излезени на терен за евентуелна интервенција, согласно ситуацијата на улиците, а и по можна пријава на граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Фото) Ослободено мече кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mece-drvo.jpg)
Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови, извести ЦУК.
Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот.
Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.
Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума.
Македонија
ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгоре куќа и четири помошни простории
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/pozarna-pozar.jpg)
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,29%, а 36,71% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,06%, кон Итната медицинска помош 25,14%, а кон пожарникарите 5,87%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 811 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (8,94%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (36,71%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Регистрирани се 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати, па од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај село Раштак; Сарај, кај село Кондово; Сопиште кај село Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај село Стровја; Долнени, кај село Дебреште; Валандово, кај село Удово; Штип, кај Индустриска зона; Тетово, кај фабриката Муневре; Велес во Индустриска зона и во општина Свети Николе кај село Малино.
Заради силниот ветер при последните два пожара на отворено изгореле и објекти и куќа.
Конкретно, Регионалнио ЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, во период од 16.26 до 19.35 часот, со 12 пожарникари и 6 ПП возила, интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација. Во пожарот биле зафатени и два стари (напуштени) воени магицина, во велешката населба „Речани“, зад хотелот „Монте Негро“. Зафатена била површина од 10 хектари на ниска вегетација. Заради силниот ветар постоела опасност за куќите на работ од населбата. ЦУК ја следеше ситуацијата, за ако е потребна помош да ја координира од други градови, но пожарникарите ги одбранија куќите од пожарот што заради силниот ветер беше многу разгорен и со променлив правец на тој простор од 10 хектари.
Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе од 17.07 до 19.46 со девет пожарникари и четири противпожарни возила, интервенирале за гаснење запалена ниска деградирана вегетација, при што била опожарена и една куќа и четири помошни простории, во село Малино, Светиниколско. Со пожарот била зафатена површина од три декари.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/vlazni-kolovozi.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.