Македонија
Невреме во повеќе градови во Македонија

Невреме со силен дожд, грмежи и град зафати повеќе градови во земјата. Според последните информации на Центарот за управување со кризи, од Крушево кон Прилеп се приближува поголема и значително нестабилна облачна маса, така што Прилеп и околината ќе бидат зафатени од невреме.
Друга нестабилна облачна маса се приближува јужно од Кавадарци, каде исто така ќе има појава на невреме.
Од ЦУК информираат дека облачните нестабилни маси и понатаму го задржуваат правецот на движење од запад кон исток. Во Лазарополе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град со големина од 2 сантиметра. Нестабилната облачна маса со правец на движење од запад кон исток во моментот се наоѓа над Кичево и околината.
Од УХМР информираат дека попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ќе има и во Скопската Котлина, а можно е и појава на краткотрајно невреме.
Во наредните денови следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Утре врнежите ќе бидат поретки и ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, па дневната температура во наредните денови повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.